Достапни линкови

НАТО отворено за Југоисточна Европа


Потпишана заедничка изјава на претставниците на земјите-учеснички Конференција на министрите за одбрана на САД-Јадранската повелба.

Потпишана заедничка изјава на претставниците на земјите-учеснички Конференција на министрите за одбрана на САД-Јадранската повелба.

Министрите за одбрана на земјите од Јадранската група и генералниот секретар за одбрана на САД потпишаа изјава со која беше потврдена политиката на отворени врати на Алијансата за земјите од Југоисточна Европа.

Со заедничка изјава која ја потпишаа министрите за одбрана на земјите од Јадранската група и генералниот секретар за одбрана на Соединетите Држави, уште еднаш беше потврдена политиката на отворени врати на Алијансата за земјите од Југоисточна Европа. Ја реафирмираме поддршката за полноправно членство на Македонија во НАТО што е можно поскоро, се вели меѓудругото во писмената изјава на министрите.
САД продолжуваат да ја поддржуваат политиката на отворени врати на евроатланските институции и ги поздравуваат континуираните напори на Југоисточна Европа преку овој принцип на соработка.

Денешниот министерски состанок беше продуктивен и го покажа прогресот на земјите членки од Југоисточна Европа и земјите аспиранти за влез во НАТО, рече американскиот заменик на генералниот секретар за одбрана, Селест Валандер.

„САД продолжуваат да ја поддржуваат политиката на отворени врати на евроатланските институции и ги поздравуваат континуираните напори на Југоисточна Европа преку овој принцип на соработка“, рече Валандер која ги повика сите земји од регионот да учествуваат на следните слични состаноци.

На министерскиот состанок свое обраќање имаше и македонскиот претсадател Ѓорге Иванов. Тој повтори дека земјава е посветена на
Незадоволството не значи напуштање на партнерството и визијата, напротив уште сме поохрабрени и силно сме фокусирани на она што е наш дел од обврските.

нејзиниот пат кон евроатанските интеграции и упати порака дека пресудата на Меѓународниот суд за правдата налага во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт.

„Незадоволството не значи напуштање на партнерството и визијата, напротив уште сме поохрабрени и силно сме фокусирани на она што е наш дел од обврските.“

Иванов истакна дека партнерството со САД ги поттикна земјите од регионот да се посветат на негување на добрососедските односи и регионалната соработка, на зајакнување на демократските реформи, а со тоа и безбедноста, напредокот и стабилноста во регионот.

Домаќинот на состанокот, македонскиот министер Фатмир Бесими рече дека оваа конференција ќе ги потврди заложбите на целиот регион за сеопфатна евро-атлантска заедница во која секоја земја ќе го најде своето место.

„Овој министерски состанок претставува продолжување на процесот меѓу земјите од Јадранската група и земјите набљудувачи воспоставен како соосдветен механизам за промоција на регионалниот дијалог, унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на нациналните капацитети во насока на евро-атланските интеграции на целиот регион.“

На состанокот се обрати и министерот на безбедносните сили во Косово, Агим Чеку. Тој жали што на средбата нема претставник на Србија, особено откако постигнаа дијалог. Според него, Косово е подготвено да помогне во градењето на регионалната безбедност и стабилност.

„Верувам, дека е време и Косово да се приклучи кон оваа група, да има право на глас на маста. И сите заеднички да одиме напред“, рече Чеку.

Иако биле поканети, на министерскиот состанок немаше официјален претставник на Србија. Од српското министерство одговориле дека не се во можност да присуствуваат на конференцијата, на која меѓудругото присуствуваат министрите за одбрана на земјите од САД-Јадранската група, претставници од САД и НАТО, експерти од Женевскиот центар за безбедносна политика, дипломати, истражувачи и експерти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG