Достапни линкови

Кој ќе профитира од повлекувањето на НАТО од Авганистан?


Американски војници во Авганистан
Американски војници во Авганистан

Повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан на соседните земји ќе им донесе огромни суми на пари.

Повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан на соседните земји ќе им донесе огромни суми на пари. САД на пример плаќаат по 500 милиони долари годишно за транзит на воениот материјал од Централна Азија до Авганистан. Сумата сега ќе биде зголемена, бидејќи сите земји кои имаат војници во Авганистан ќе треба да пренесат тони материјал. Централно азиските земји како Русија, Грузија, Азербеџан и Пакистан ќе имаат корист, но која од нив најмногу ќе профитира зависи од договорот и од географските околности.

„Она што се случува во моментов е една голема игра на ценкање. Луѓето се свесни дека ИСАФ мора да си замине и дека мора да пренесе огромна опрема за одредено време и затоа сите земји се во позиција да преговараат“, вели Неил Мелвин, експерт за регионот од Институтот за меѓународно мировно истражување во Стокхолм.


Меѓу земјите кои се во најпогодна позиција е Узбекистан, кој ја има најдобрата железничка линија во Централна Азија. Еуроазианет објави дека последните транзит договори покажуваат дека Узбекистан ќе го наплаќа превозот на невоената опрема од Авганистан за двојно повеќе од постоечките цени за користењето на услугите на железницата. Зголемувањето на цените значи дека сите земји ќе бидат заинтересирани за алтернативни транзит рути.

Британскиот министер за вооружените сили Ник Харви за време на неговата посета во Бишкек сугерираше дека Лондон можеби ќе тргува со воената опрема за поволни транзит такси.
„Доколку сите земји од ИСАФ остават различни нешта Авганистанците може да завршат со различен вид на опрема. Но ние исто така разговараме со Казахстан, Киргистан и Таџикистан да видиме дали нешто од опремата ќе им биде во корист на земјите“,


„Доколку сите земји од ИСАФ остават различни нешта Авганистанците може да завршат со различен вид на опрема. Но ние исто така разговараме со Казахстан, Киргистан и Таџикистан да видиме дали нешто од опремата ќе им биде во корист на земјите“,

вели Харви.

Договорот не вклучува пренос на оружје и муниција, дури и борбените возила може да бидат транспортирани само доколку од нив бидат извадени деловите за вооружување. Француските власти навестија дека северните рути им се премногу скапи и побараа повторно да бидат отворени рутите во Пакистан. Просечната цена на пренос на контејнер од Авганистан до Карачи е 7200 долари, а преку северните рути изнесува 17 500 долари.

„Многу работи ќе бидат вклучени во политичката дискусија околу улогата на Пакистан во заминувањето на ИСАФ од Авганистан, улогата на Талибанците и улогата на Пакистан во Авганистан и со тоа Пакистан ќе има шанса да ги зголеми цените за транзит“, вели Мелвин.

Ценкањето околу транзит рутите од Авганистан претставува микс на пари, политика и регионален интерес.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG