Достапни линкови

logo-print

Во Чикаго да се преиспита одлуката од Букурешт


Конференцијата на министри за одбрана на САД и Јадранската група во Скопје.

Конференцијата на министри за одбрана на САД и Јадранската група во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов на конференцијата на Јадранската група и САД, повика НАТО, на самитот во Чикаго, да го преиспита заклучокот од Букурешт во однос на Македонија.

Сакаме да бидеме дел од тие што ја градат новата Европа, за жал нашата желба е попречена и тоа поради еден апсурден и наметнат спор, во кој се соочуваме со уцена и ултиматум. Исправноста на нашето одговорно однесување беше само потврдена со пресудата на Меѓународниот суд на правдата, почитувањето на пресудата налага во Чикаго да биде преиспитан и закличокот од Букурешт, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето обраќање на министерскиот состанок.
Партнерството со САД ги поттикна земјите од регионот, да се посветат на негување на доборосоедски односи и регионална соработка, на зајакнување на демократските реформи, безбедноста, напредокот и стабилноста во регионот.

Искакнувајќи го значењето на денешната средба на министри за одбрана од регионот, потенцираше дека предизвиците со кои се соочуваме се се побројни, но заедничките решенија вклучуваат поделени права и привилегии кои, како што рече, произлегуваат од посакуваното и заслужено членство во НАТО.
Конференцијата на министри за одбрана на САД и Јадранската група во Скопје.

Конференцијата на министри за одбрана на САД и Јадранската група во Скопје.


Иванов го истакна и партнерството со САД, кое, според него, ги поттикна земјите од регионот, да се посветат на негување на доборосоедски односи и регионална соработка, на зајакнување на демократските реформи, безбедноста, напредокот и стабилноста во регионот.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека во очекување на Самитот во Чикаго, оваа конференција само ќе ги потврди заложбите на целиот регион за сеопфатна евроатланска заедница во која секоја земја ќе го пронајде своето место.

Американскиот замник помошник на секретарот за одбрана, Селест Валендар истакна дека САД остануваат посветени во изградбата и одржувањето партнерски односи со своите сојузници. Македонија одржува блиски врски со НАТО и работи кон постигнување на полноправно членство, потенцираше Валандер.

Преставникот на НАТО, Хусеин Дириол зборуваше за финсиските предизвици со кои се соочува алијансата, тој апелираше до земјите членки паметно да ги трошат своите буџети.

Министерот на косовските безбедносни сили Агим Чеку жали што нема преставник на Србија на денешниот состанок, но од друга страна истакна дека Косово може да помогне во обезбедувањето и одржувањето на регионалната безбедност. Србија испратила допис дека не се во можносат да присуствуваат на настанот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG