Достапни линкови

Собраниска делегација во Вашингтон бара подршка за прием во НАТО


Можностите за интегрирање на Република Македонија во НАТО била една од темите на синоќешните средби во Вашингтон на делегацијата на собраниската Комисија за надворешна политика, во чиј состав се Антонио Милошоски, Игор Ивановски, Дешира Имери и Павле Саздов, со конгресмените Бил Паскрел, Алсе Хастингс, Дејвид Дреер и Кендис Милер. Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбите, била потенцирана нашата посветеност во овој процес, преку остварените реформски активности и учеството во меѓународните мисии на Алијансата. Пред конгресмените била претставена и одлуката на Меѓународниот суд на правдата, како еден од главните аргументи за членство на Република Македонија во Алијансата.
Делегацијата остварила средба и со претставници на Обединетата македонска дијаспора на која биле потенцирани нивните напори за промовирање на интересите на Република Македонија и заложбите за прием во НАТО. Пратениците за време на посетата се сретнале и со претставници на Меѓународниот републикански институт, како и со претставници на Националниот демократски институт.
XS
SM
MD
LG