Достапни линкови

Во Прага средба Попоски - Шварценберг


Во рамки на работната посета на Чешка, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Прага ќе се сретне со својот чешки колега Карел Шварценберг, а ќе биде примен и од премиерот Петр Нечас.
Тој ќе има средба и со членовите на Комитетот за надворешн работи во Пратеничкиот дом и на Комитетот за надворешни работи, одбрана и безбедност на Сенатот.
Предвидено е министерот за надворешни работи Попоски да одржи предавање насловено „Македонија на патот на НАТО и ЕУ: Чукање на отворена врата“ во Институтот за меѓународни односи.
XS
SM
MD
LG