Достапни линкови

Папата го критикува ембаргото врз Куба


Средба на Фидел Кастро со Папата Бенедик 16-ти

Средба на Фидел Кастро со Папата Бенедик 16-ти

Папата Бенедикт 16-ти при заминувањето од Куба во средата изјави дека на островот може да се изгради „општество обновено и помирено со широка визија“ но како што вели “ рестриктивните мерки,наметнати надвор од земјата, претставуваат неправеден товар врз народот“. Папата ја искористи дводневна посета на Куба, за да апелира до властите да ги намалат ограничувањата на Католичката црква во земјата. На мисата што ја оддржа на плоштадот во Хавана присуствуваа околу 300 илјади луѓе, меѓу кои и претседателот Раул Кастро. Папата се сретнал и со Фидел Кастро во ватиканската амбасада во земјата, која во соопштението што го објави, ја опиша средбата како „срдечна“.
XS
SM
MD
LG