Достапни линкови

Бразил, Кина, Индија, Русија и Јужна Африка со идеја за заедничка банка


Лидерите на Бразил, Русија Индија Кина и Јужна Африка го отворија самитот во Индија за развој на светот. На врвот на агендата ќе биде идејата за создавање на заедничка банка, создавање на механизам за приближување на берзите на петте земји и дискусии за ситуацијата на Блискиот Исток и увоз на нафта од Иран. Бразилскиот министер за трговија Фернандо Пиментел минатата недела изјави дека по самитот петте земји ќе потпишат договор за стартување на студија која ќе ги истражи можностите за создавање на заедничка банка. Министрите на Кина и Индија, пак, како е најголеми клиенти на нафтата на Иран, изјавија дека нивните земји и понатаму ќе ги оддржуваат економските врски со Иран и покрај притисокот од Вашингтон.
XS
SM
MD
LG