Достапни линкови

Европарламентраците ќе гласаат за резолуцијата за Србија


Европарламентарците денеска ќе гласаат за предлог-резолуцијата за Србија за која вчера се водеше расправа во Брисел. Во предлог-резолуцијата за напредокот на Србија во евроинтеграциите се бара на Србија „колку може побрзо“ да и се одреди датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера ја повика Србија да се воздржи од спроведување локални избори во северниот дел на Косово и да го продолжи дијалогот со Приштина. Тој на вчерашната седница во Европскиот Парламент оцени дека во досегашниот тек на дијалогот се постигнати значајни резултати и дека очекува напредок на ова поле со цел Србија што побрзо да добие датум за започнување преговори за членство.
XS
SM
MD
LG