Достапни линкови

Грчкиот парламент го одбри Европскиот стабилизациски механизам


Грчкиот Парламент вечерва со 194 гласа „за“ и 59 „против“ го одобри договорот за Европскиот стабилизациски механизам. Законот беше поддржан од социјалистичката партија ПАСОК и конзервативната Нова демократија, кои ја сочинуваат коалициската Влада на чело со премиерот Лукас Пападемос.
Законот за Европскиот стабилизациски механизам е еден од неколкуте законски решенија, кои парламентот треба да ги прифати до распуштањето пред предвремените избори.
Механизмот ќе биде активиран откако земјите-членки на ЕУ, кои покроваат 90 проценти од капиталните ангажмани, ќе го ратификуваат договорот за негово создавање, што се очекува до јули 2012 година.
XS
SM
MD
LG