Достапни линкови

logo-print

Италијанската полиција заплени имот на Гадафи


Италијанската финансиска полиција соопшти дека вчера го запленила имот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи и неговото семејство во вредност од 1,4 милијарди евра. Во запленетиот имот во Италија спаѓаат акции од најголемата италијанска банка Уникредит, од енергетската компанија Ени, од автомобилската компанија Фиат и фудбалскиот клуб Јувентус. Од недвижен имот запленет е стан во Рим и имот на островот Пантелерија во близина на Сицилија.
Во соопштението од полицијата е наведено дека Меѓународниот кривичен суд побарал заплена на имотот поради истрагата поврзана со Либија. Гадафи беше убиен на 20-ти октомври во неговиот роден град Сирт, по неколку месечните битки на безбедносните сили во Либија со бунтовниците кои бараат смена на режимот во земјата.
XS
SM
MD
LG