Достапни линкови

logo-print

Груевски и Иванов остварија средба со Шпрем


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов денеска остварија средба со претседателот на хрватскиот Сабор Борис Шпрем. На средбата меѓу Груевски и Шпрем било нагласено дека меѓу двете земји постои почитување и силно пријателство. Премиерот го информирал својот соговорник за стратешките надворешно политички приоритети на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО.
Иванов изразил благодарност за поддршката од Хрватска за евроатланската интеграција на Македонија, како и за ставот на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ дека билатералните прашања не смеат да влијаат врз индивидуалниот пат на која било држава кон Европската унија.
XS
SM
MD
LG