Достапни линкови

logo-print

Рикер: решение на спорот со името преку лидерство на двете страни


Филип Рикер

Филип Рикер

,,Евроатлантската интеграција на Македонија требаше одамна да заврши. Во Букурешт тоа не се случи поради спорот со Грција околу името, но веруваме дека постојат решенија,,. Ова го изјави американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер на Економскиот форум на земјите од Југоисточна Европа што се одржува во Вашингтон. Според Рикер, спорот со Грција треба да се реши преку лидерство на обете страни. ,,Веруваме дека имаме одговор на тоа прашање, со актуелната структура и постојните граници тоа е одговорот“. Според него, уште подобар одговор е сите земји од регионот да бидат целосно интегрирани во евроатлантските структури, без притоа да се оштети нечиј идентитет, историја или кревки емоции. ,,Политиката на САД била и ќе биде активна поддршка на овие земји за реализирање на нивните евроатлантски аспираци,, оцени Рикер.
XS
SM
MD
LG