Достапни линкови

Панета: анкетите не влијаат врз воената стратегија на САД


Леон Панета

Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека анкетите не може да ја обликуваат воената стратегија и додаде дека САД ќе ги продолжат своите планови во Авганистан и покрај падот на довербата на граѓаните во таа политика. Панета истакна дека нема сомневање оти Американците се уморни од војната, но дека обичниот народ го разбира државниот интерес што го имаат САД во Авганистан по терористичките напади од 2001 година.
Анкетите на Њујорк Тајмс и на CBS News покажаа дека 69 насто од граѓаните на САД се против американското присуство во Авганистан и сметаат дека војната во таа земја оди лошо за американската страна.
XS
SM
MD
LG