Достапни линкови

logo-print

Племенски судири во Либија, 50 загинати


Најмалку 50 луѓе загинале, а околу 160 се ранети во дводневните племенски судири на југот на Либија, соопшти министерството за здравство на таа земја. Судирите избиле во Саба, околу 650 километри јужно од Триполи, откако припадник на племето Табу убил член на племето Абу Сеиф.
По симнувањето на Моамер ел Гадафи, новите либиски власти сеуште не можат да воспостават контрола врз целата територија на земјата, па во некои делови управуваат племенски формации и милиции.
XS
SM
MD
LG