Достапни линкови

Убиена благајничка во напад врз банка во Тирана


Во оружен напад врз банка во Тирана една благајничка е убиена, а еден чувар е ранет, јави МИА. Две вооружени и маскирани лица вчера попладне влегле во филијалата откако претходно го неутрализирале лицето од обезбедувањето во кое пукале без предупредување. Од благајничката Елеонора Калочи барале да им ги предаде парите, а откако помислиле дека таа се обидува да контактира со полицијата, двапати пукале во неа, и побегнале без да се обидат да ги земат парите.
Целиот настан е снимен од безбедносните камери на банката, што треба да помогне во идентификацијата на напаѓачите, соопшти полицијата.
XS
SM
MD
LG