Достапни линкови

logo-print

Средношколци од Куманово најуспешни на квизот за ЕУ


Тројца средношколци од Куманово се најуспешни на квиз за Европска унија, во организација на Министерството за образование.

Албана Саити, Илир Демири и Генц Халити се тројцата гимназијалци од „Сами Фрашери“ од Куманово кои постигнале највисок државен успех на натпреварот за познавањето на Европската унија, организиран од нашето Министерство за образование и наука. За одмерување на силите во знаењето учениците со нивните ментори се подготвувале безмалку два месеца.
Мотото на Европа го кажува токму тоа: Соединeти во различноста. Ние сме активни во многу НВО во Куманово. Секако дека имаме контакти и дружење со Македонците, со оние од ромската, српската и другите етнички заедници. Преку бројните програми добро е да комуницираме и да се разбираме меѓу себе, за надминување на проблемите кои може да се појавуваат без разлика дали се меѓуетнички или религиозни. За добра иднина на Македонија и за побрз чекор кон ЕУ.

Гимназијалците кои поминале неколку квалификации до највисокиот државен успех научиле многу за ЕУ. Запрашани за нивното мислење колку ние сме подготвени за ЕУ, Илир Демири вели:

„Фактот што сме поканети од градоначалникот овде, се покажува дека различностите се почитуваат. Ова значи дека сме исполниле еден од критериумите на Копенхаген. Ова треба да го видат и претставниците од ЕУ, дека во Македонија етничките заедници се почитуваат.“

Успехот на гимназијалците заслужува голем респект, меѓутоа колку од она што го научиле ќе се применува во средината во која живеат. Особено што менторите на овие млади луѓе по секоја цена инсистираа разговорот да биде на албански јазик, секако со преведувач. Од таму се наметнува прашањето:
Албана Саити

Албана Саити


РСЕ: Европа подразбира почитување на различностите, на мултиетничноста. Имате ли пријатели од другите етнички заедници?

„Мотото на Европа го кажува токму тоа: Соединети во различноста. Ние сме активни во многу НВО во Куманово. Секако дека имаме контакти и дружење со Македонците, со оние од ромската, српската и другите етнички заедници. Преку
Фактот што сме поканети од градоначалникот овде, се покажува дека различностите се почитуваат. Ова значи дека сме исполниле еден од критериумите на Копенхаген. Ова треба да го видат и претставниците од ЕУ, дека во Македонија етничките заедници се почитуваат.

бројните програми добро е да комуницираме и да се разбираме меѓу себе, за надминување на проблемите кои може да се појавуваат без разлика дали се меѓуетнички или религиозни. За добра иднина на Македонија и за побрз чекор кон ЕУ“, вели Генц Халити.

РСЕ: На кој јазик комуницирате со вашите пријатели од другите етнички заедници?

„Со Македонците на македонски јазик, со останатите на англиски. Поради тоа сметам дека треба да се созададат услови и Македонците да учат албански за да можеме да комуницираме и на македонски и на албански јазик. А повеќе да се даде значење на учењето на англискиот јазик “, смета Албана Саити.

„Во Уставот на Република Македонија се два службени јазици албанскиот и македонскиот. Ние не можеме да ги вреднуваме, почитуваме другите јазици ако не го почитуваме нашиот јазик“, вели Илир Демири.

Албана,Генц и Илир се само дел од кумановци кои без оглед на нивната етничка или било која друга припадност се прекрасни млади луѓе кои со право се стремат кон просперитет и напредок во секоја смисла. Ако возрасните правилно и непречено ја поддржуваат оваа движечка сила веројатно ќе биде подобро за сите.
Од тој аспект и не е за занемарување и поддршката од градоначалникот Дамјановски и локалната самоуправа.

„Еден добар показател дека Куманово се залага за евроинтеграции, политичката агенда на оваа локална самоуправа е европско Куманово, а тоа и учениците го потврдуваат.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG