Достапни линкови

logo-print

Меѓусебни обвинувања на партиите за состојбата во Македонски железници


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ денеска оцени дека Македонија може да остане без железнички сообраќај поради лошата состојба, која настанала како резултат на погрешни политики, лошото раководење и непотребни партиски вработувања. Пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов изјави дека инфраструктурата, локомотивите, патничките и товарните вагони се во очајна состојба и оти нема пари за одржување на возовите и за редовни плати на работниците. Според него и бројот на патници се намалува, а претпријатието прави нови милионски долгови.
ВМРО ДПМНЕ соопшти дека најголемиот дел од долговите во Македонски Железници се направени во време на СДСМ, која обвинува за проблеми кои сама ги создала. Пратеникот на партијата Димитар Стевананџија изјави дека е нечесно и неодговорно Николов да обвинува за состојбите во железниците, кога е долгогодишен функционер на партијата која ги оставила Македонски Железници во хаос и милионски долгови.
XS
SM
MD
LG