Достапни линкови

Станарите во зоната на казните


Станарите во зградите имаат уште неколку денови да формираат заедници на станари и да си ги подмират сметките, зaшто од 1 април инспектори ќе казнуваат со казна од 300 евра.

Општинските инспектори од први април со по 300 евра казна ќе ги казнуваат станарите во колективните згради кои нема да формираат заедници на станари и да назначат управител кој ќе се грижи за одржување на зградата. Законот предвидува и казни од 300 евра за секој станар што нема да плати за тековно одржување на заедничките делови од зградата, односно скалите, ходниците, лифтовите, помошните простории. Казни од 400 до 800 евра ќе има и за управителите кои несовесно ќе работат.
Кај нас има празни станови, има кираџии, не можеш да собереш имотни листови, од кого ќе собереш, само осум собравме, останаа кај мене, ај во недела требаше да имаме состанок, ни состанок ни ништо немавме, а останаа уште 4 дена до рокот, јас што ќе правам сега.
Кочо Јовановски, граѓанин.

Има згради во кои лесно одело да се регистрира Совет, вели Миле Ацковиќ кој живее во зграда во центарот на Скопје.

„Не е тешко, ние многу лесно регистриравме во Централен регистер, направивме се како што треба, само ни остана правничката да ни направи програма за работа на куќниот совет.“
Зграда
Зграда

За разликa од Центар, во Топанско Поле, одеше потешко, се жали Кочо Јовановски.

„Кај нас има празни станови, има кираџии, не можеш да собереш имотни листови, од кого ќе собереш, само осум собравме, останаа кај мене, ај во недела требаше да имаме состанок, ни состанок ни ништо немавме, а останаа уште 4 дена до рокот, јас што ќе правам сега?“

Што се однесува, пак, до казнувањето за тие што нема да си ги подмират обврските, нашите соговорници велат дека тоа воопшто нема да им биде тешко на инспекторите.
Не е целта да се казнуваме, целта е да воведеме нешто што ќе овозможи подобро функционирање на сите згради, поефикасно да се плаќа струја, поефикасно да се плаќа вода, поефикасно да се плаќа надоместок за лифтовите, доколку нешто се скрши да може да се смени.
Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

„Тие ќе ти симнат од сметка, од трансакциона, ќе симнуваат полека, нив ништо не им чука.“

„Но како ќе казнуваат од стан, зошто така?“

Од стапувањето во сила на Законот за домување регистрирани се повеќе од 2 илјади заедници на сопственици на станови и издадени се неколку лиценци за управител.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека нема да има одложување на Законот, затоа што досега веќе имало пролонгирање на рокот. Тој вели дека целта не им е да казнуваат.

„Не е целта да се казнуваме, целта е да воведеме нешто што ќе овозможи подобро функционирање на сите згради, поефикасно да се плаќа струја, поефикасно да се плаќа вода, поефикасно да се плаќа надоместок за лифтовите, доколку нешто се скрши да може да се смени, тоа е еден принцип кој горе-долу го имаат воведено сите европски држави.“

Регистрацијата на заедницата на станари во Централниот регистар чини 2.452 денари. Оваа обврска важи за станбените згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе од осум станови.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG