Достапни линкови

Околу 50 илјади лица ја злоупотребиле студентската виза во Британија


Британските ревизори соопштија дека околу 50 илјади лица надвор од ЕУ можеби го злоупотребиле новиот ситем за добивање на виза за да работат илегално во земјата. Според правилата од 2009 година, секој странски студен мора да биде поддржан од лиценцирано училиште. Но системот ги немал потребните контролни механизми да ги детектира лажните студенти.
Извештајот упатува критика и до имиграциониот сервис на земјата кој не направил доволно да ги спречи странските студенти да престојуваат во земјата и по истекот на визата.
XS
SM
MD
LG