Достапни линкови

Јавните претпријатија - бунар без дно


Илустрација.
Илустрација.

Јавните претпријатија се соочуваат со превработеност, а работниците со месеци не зеле плата. Експертите велат дека државата ги користи претпријатијата да си вработи свои партиски кадри. Излезот е јавните претпријатија да се угледаат на приватниот сектор.

Јавните претпријатија во Македонија одамна се смета дека се соочуваат со превработеност заради тоа што државата сака да го реши големиот проблем на невработенсот кој е мошне истакнат. Во овој момент превработеноста полека станува проблем во Македоснки шуми, Македонија пат, Македонски железници, и тоа е надополнето со реакции на вработените кои се жалат дека не земале плата со месеци.
Превработеноста не доаѓа од надвор, туку од самите кадри коишто ја водат таа фирма, значи менаџерски тим воопшто не менаџира, не бара работа, не изнаоѓа работа за таа компанија, туку едноставно се води од таму од кадешто дува ветерот и од тие причини самото претпријатие доаѓа во состојба да нема работа и на крајот ќе дојде до тоа работниците да бидат упатени во Агенцијата за вработување.
Драги Јовановски, експерт по трудово право.

Професор Лидија Христова која работи во Институтот за социлошки и политичко првни истражувања вели дека државата работи на политики за да го ублажи проблемот со невработеност, но оти тоа добива и партиска дименизија која е многу нагласена. Според неа, партиите практично го користат тоа за да го решат проблемот на вработување на свои кадри.

„Ова многу влијае не само на бројот на вработувањата во овие фирми, туку и на структурата и соодветноста во таа смисла, кој ги добива работните места, често пати како што слушаме, а коишто немаат соодветни кфалификации и така натаму.“

Оваа политика заради погрешно вкалкулираниот пристап ја зголемува загриженоста дека се враќа како бумеранг на фирмите и ги мултиплицира проблемите на јавните претпријатија. Пред да започе да го преиспитува прашањето на квалитетот на
Субјектите во јавниот и приватниот сектор поминуваат низ разни фази на растежи и опаѓања што е природен процес во кој приватниот сектор реагира многу побрзо, подинамично, во смисла на преструктуирање на фирмата, на менување на менаџментот кога работите не одат како што треба и на димензионирање на бројот на вработувањата.
Лидија Христова, универзитетски професор.

кадрите кои се вработуваат во јавните претријатија, Драге Јовановски кој е експерт по трудово право, накратко ја анализира состојбата со менаџирањето на јавните претпријатија.

„Превработеноста не доаѓа од надвор, туку од самите кадри коишто ја водат таа фирма, значи менаџерски тим воопшто не менаџира, не бара работа, не изнаоѓа работа за таа компанија, туку едноставно се води од таму од каде што дува ветерот и од тие причини самото претпријатие доаѓа во состојба да нема работа и на крајот ќе дојде до тоа работниците да бидат упатени во Агенцијата за вработување, а тоа ќе биде товар плус за државата за да утре им обезбедува одреден паричен надомест од самата држава.“

Оттука експертите сметаат дека државата треба да ја ревидира својата политика кон јавните претпријатија според принципите по кои работи приватниот сектор.

„Субјектите во јавниот и приватниот сектор поминуваат низ разни фази на растежи и опаѓања што е природен процес во кој приватниот сектор реагира многу побрзо, подинамично, во смисла на преструктуирање на фирмата, на менување на менаџментот кога работите не одат како што треба и на димензионирање на бројот на вработувањата.“

Според Христова, јавниот сектор во овие процеси се движи бавно и не го следи приципот на логиката на ефикасност и ефективност на компанијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG