Достапни линкови

logo-print

Во Багдад тридневен состанок на Арапската Лига


Околу 100 илјади полицајци се распоредени во Багдад поради безбедноста на самитот на Арапската Лига

Околу 100 илјади полицајци се распоредени во Багдад поради безбедноста на самитот на Арапската Лига

Во Багдад денеска започна самит на Арапската лига. Тоа е првпат по повеќе од дваесет години Ирак да биде домаќин на таква средба. За денеска е закажана седница на министрите за финансии и трговија, за утре на надворешни работи а лидерите треба да се состанат задутре. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зибари изјави дека Самитот доаѓа во „витално време“ со оглед на тензиите околу Сирија, Иран и земјите од Заливот.
Успешноста на Самитот во Ирак ќе зависи од тоа колку шефови од 22 те држави членки ќе се појават. Зебари изјави дека тој ќе биде среќен ако присуствуваат осум.
Многу членки на Арапската лига кои се сунитски држави се неподготвени да ја прифатат ирачката влада предводена од Шиити. Околу 100 илјади полицајци се распоредени во Багдад. Ирак потроши 400 милиони долари за подготовки за одржување на Самитот.
XS
SM
MD
LG