Достапни линкови

Поголема соработка за нуклеарна безбедност


Светските лидери на вториот и последен ден од самитот во Сеул упатија апел за поголема глобална соработка во нуклеарната безбедност. Главна тема беа начините за избегнување можни нуклеарни терористички напади.

Американскиот претседател Барак Обама во Сеул изјави дека светска закана и натаму претставуваат необезбедените нуклеарни материјали.
Се разбира, она што е исто така јасно е дека заканата останува. Постојат уште многу лоши луѓе во потрага по овие опасни материјали кои сè уште се необезбедени на многу локации.

„Не треба многу, само едно парче од тој материјал може да убие стотици илјади невини луѓе“, рече Обама, додавајќи:

„Се разбира, она што е исто така јасно е дека заканата останува. Постојат уште многу лоши луѓе во потрага по овие опасни материјали кои сè уште се необезбедени на многу локации.“

Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак, изјави дека меѓународната соработка е потребна за да се минимизира можноста високо збогатен ураниум и плутониум да дојде во погрешни раце.

„Ние треба целосно да воспоставиме меѓународна соработка за да се минимизира таа можност. Исто така треба да постигнеме значителен напредок за своевидна меѓународна норма.“

Ова се мои последни избори. По мојот избор ќе можам да бидам пофлексибилен.

Сфаќам. Ќе му ја пренесам оваа порака на Владимир.
Кинескиот претседател Ху Џинтао повика на создавање поволна меѓународна средина за зајакнување на нуклеарната безбедност.

„Мора да го елиминираме изворот на ширењето на нуклеарениот тероризам и да се држиме до целите и принципите на Повелбата на ОН. Со взаемна доверба, взаемна корист, еднаквост и на мирен начин може да се решаваат жешките прашања и меѓународните спорови.“

Самитот беше засенет од плановите на Северна Кореја за лансирање на сателит во вселената со помош на ракета со долг дострел, за која Запад стравува оти е параван за развивање нуклеарен проектил.

Обама ги предупреди Северна Кореја и Иран дека меѓународната заедница нема да толерира ширење на нуклеарното оружје. Тој исто така вети дека Соединетите Држави заедно со Русија ќе продолжат да го намалуваат нуклеарното оружје, додавајќи дека САД имаат повеќе боеви глави отколку што е потребно.

Од друга страна, телевизиските камери на самитот во Сеул ги снимија неформалните коментари на Барак Обама и на неговиот руски колега Дмитри Медведев. Обама притоа вели дека по претседателските избори во ноември ќе бил пофлексибилен во врска со решавањето на американско-рускиот спор за ракетната одбрана во Европа. На ова Медведев рекол дека ја сфаќа пораката и оти ќе му ја пренесел на Владимир Путин.

„Ова се мои последни избори. По мојот избор ќе можам да бидам пофлексибилен“, рече Обама.

„Сфаќам. Ќе му ја пренесам оваа порака на Владимир“, рече Медведев.

Белата Куќа подоцна издаде соопштние во кое забележува дека во изборните години во САД и Русија не може да се очекува драстичен напредок во решавањето на спорните прашања меѓу двете земји.

Самитот во Сеул беше продолжување на првата таква конференција што се одржа во 2010 година во Вашингтон. Една година претходно во Прага, Обама ја обелодени својата визија за свет без нуклеарно оружје.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG