Достапни линкови

Попоски: Македонија е конструктивна на разговорите со Грција


Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје - 20.02.2012

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје - 20.02.2012

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на последниот ден од работната посета на Лондон, ќе одржи предавање во Европскиот совет за надворешни односи, а ќе има средби и со претставници од Горниот дом на Британскиот парламент.
Шефот на македонската дипломатија вчера имаше средба со британскиот државен секретар за надворешни работи Вилијам Хејг на која, како што јави МИА, било потврдено дека Британија е силен поддржувач на евро-атланската интеграција на Македонија.
За преговорите со Грција за името, според Попоски, Република Македонија е конструктивен актер и очекува таков пристап и од грчка страна,
Извесно е дека во Грција ќе има избори, и не очекуваме дека до изборите ќе се посвети поголемо внимание на билатералниот спор, смета Попоски.
XS
SM
MD
LG