Достапни линкови

Папата Бенедикт XVI во посета на комунистичка Куба


Кубанскиот претседател Раул Кастро го пречека папата Бенедикт XVI на аеродромот во Сантијаго.

Кубанскиот претседател Раул Кастро го пречека папата Бенедикт XVI на аеродромот во Сантијаго.

Папата Бенедикт Шеснаесети пристигна во Куба. Тој беше пречекан на аеродромот во Сантијаго од страна на претседателот Раул Кастро, со сите почести.

Посетата на папата Бенедикт Шеснаесети на Куба доаѓа на само неколку дена откако тој изјави дека марксистичкиот систем на земјата е застарен. По пристигнувањето во Куба, папата ги повика Кубанците да изградат „обновено и отворено општество“. Тој рече дека кубанските власти и католичката црква одржуваат добри односи и дека кубанскиот устав гарантира верски права за граѓаните.

Помалку од 10 отсто од Кубанците се католици.

Пред четиринаесет години и папата Јован Павле Втори го посети комунистичкиот остров.
XS
SM
MD
LG