Достапни линкови

Анан - Сирија не може да одолее на „ветровите на трансформација“


Рускиот претседател Дмитри Медведев на средба со заедничкиот преставник на Арапската лига и ОН за Сирија, Кофи Анан во Москва.

Рускиот претседател Дмитри Медведев на средба со заедничкиот преставник на Арапската лига и ОН за Сирија, Кофи Анан во Москва.

Заедничкиот преставник на Арапската лига и ОН во Сирија, Кофи Анан, изјави дека владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад не може да одолее на „ветровите на трансформација“. Анан, изјави дека не може да се дозволи кризата во Сирија да надвладее, но сепак изјави дека е премногу рано да се даваат временски рамки за мирно решавање на кризата.

Анан вчера ја посети Русија, по што отпатува за Пекинг. Русија и Кина беа двете земји членки на Советот за безбедност кои ставија вето на резолуциите на ОН со која се осудува насилство во Сирија. Рускиот претседател Дмитри Медведев рече дека мировните напори на Анан можеби се последна шанса да се избегне граѓанска војна во Сирија.

Во меѓувреме, портпаролот на Анан изјави дека официјален Дамаск одговорил на неговиот мировен план кој има за цел да стави крај на насилството, обезбеди хуманитарна помош и да се започне политички дијалог меѓу владата и опозицијата.
XS
SM
MD
LG