Достапни линкови

Шушкевич одликуван од Фондацијата жртви на комунизмот


Станислав Шушкевич, првиот лидер на независна Белорусија.

Станислав Шушкевич, првиот лидер на независна Белорусија.

Станислав Шушкевич, првиот лидер на независна Белорусија, беше одликуван со медал од страна на американската непрофитна Фондација жртви на комунизмот. На церемонијата во Вашингтон му беше доделен медалот Труман-Реган, кој се доделува на поединци кои се залагале за демократија и ослободување од комунизмот и други форми на тиранија.

Шушкевич при одликувањето се потсети на 30-те членови на неговото семејство кои загинале како резултат на комунистичката репресија и рече дека се надева оти ќе го дочека денот кога неговата земја ќе подигне споменик во чест на милиони луѓе кои починаа под советскиот режим.

Претходно, награди од Фондацијата примиле и Вацлав Хавел, папата Јован Павле Втори и Лех Валенса.
XS
SM
MD
LG