Достапни линкови

Самит на Арапската лига во Багдад


Засилено обезбедување во Багдад во пресрет на Самитот на Арапската лига.

Засилено обезбедување во Багдад во пресрет на Самитот на Арапската лига.

Во Багдад денеска ќе биде отворен Самит на Арапската лига. Тоа е првпат по повеќе од дваесет години Ирак да биде домаќин на таква средба. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари изјави дека Самитот доаѓа во „витално време“ со оглед на тензиите околу Сирија, Иран и земјите од Заливот.

Аналитичарите велат дека е голема шансата за време на тридневниот состанок, Ирак да докаже дека е политички играч во Арапскиот свет. Успешноста на Самитот во Ирак ќе зависи од тоа колку шефови на држави ќе се појават. Зебари изјави дека тој ќе биде среќен ако присуствуваат осум.

Многу земји членки на Арапската лига кои се сунитски држави се неподготвени да ја прифатат ирачката влада предводена од Шиити. Ирак потроши 400 милиони долари за подготовки за одржување на Самитот.
XS
SM
MD
LG