Достапни линкови

САД-Врховниот суд ја испитува уставноста на здравствените реформи


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот Врховен суд го започна тридневното сослушување за уставноста на реформите во здравствениот систем предложени од админстрацијата на претседателот Барак Обама. Според законот, сите неосигурани Американци ќе мора да имаат здравствено осигурување до 2014 година или да платат пенали. Републиканците сметаат дека принудувањето на жителите да купат нешто што избрале дека не го сакаат ги нарушува нивните граѓански права.
Администрацијата на Обама одговара дека на сите им е потребно здравствено осигурување и тие што го немаат му нанесуваат тешкотии на системот.
XS
SM
MD
LG