Достапни линкови

Џафери оствари средба со еврокомесарот Филе


Вицепремиерот Муса Џафери

Вицепремиерот Муса Џафери

Вицепремиерот Муса Џафери во Брисел денеска се сретна со еврокомесарот Штефан Филе. Тие разговарале за постигнување пооперативна соработка во иднина, дефинирање на приоритетните задачи поставени од ЕУ, како и сумирање на резултатите од реформите. Џафери изјави дека Филе потенцирал оти високиот дијалог меѓу ЕУ и македонската влада треба да се интегрира заедно со Рамковниот договор, бидејќи тој е дел од нашиот политички систем.
На средбата станало збор и за последните инциденти, кои според нив биле рефлексија на младата популација без политичка заднина.
XS
SM
MD
LG