Достапни линкови

logo-print

Театар Комедија стартува со „Ах, љубов моја...турска приказна“


Со премиерата на претставата „Ах, љубов моја...турска приказна“ , во режија на Коле Ангеловски, на Светскиот ден на театарот, на сцената на Драмски театар во Скопје и официјално ќе биде отворена новоформираната Национална институција - Театар Комедија.

Целиот професионален живот, работев и мечтаев за театар на комедија, за полни театарски сали, за смеа што блика од гледалиштето, за публика која среќна и задоволна излегува од салата и еве, конечно, за жал сега како пензионер, дочекав со мој текст и во моја режија да се отвори новиот Театар на комедија во Македонија.
Во сите турски серии главна тема и главен двигател на дејствието е љубовта, така и овде во нашата престава и во мојот текст, главен двигател е љубовта, љубов со многу пречки, со многу игри, со многу лажења, сето тоа да речеме би направило комични ситуации.

Ова ќе го забележи доајенот на македонското глумиште, режисерот Коле Ангеловски во пресрет на премиерната изведба ма неговата „Ах, љубов моја ...турска приказна“ со која и официјално ќе започне делувањето на новосоздадената национална институција – Театар комедија.
Коле Ангеловски, режисер

Коле Ангеловски, режисер


Тој дополнува дека е пресреќен што по нешто повеќе од 20 години од кога стана реалност Младинско-детскиот театар, еве се отвора уште еден нов театар со негов проект, а за актуелната комедија вели дека ја напишал под влијание на големиот Фејдо и како негов личен, пред се, хумористичен одговор на огромниот наплив на турски серии по нашиве телевизии.

„Во сите турски серии главна тема и главен двигател на дејствието е љубовта, така и овде во нашата престава и во мојот текст, главен двигател е љубовта, љубов со многу пречки, со многу игри, со многу лажења, сето тоа да речеме би направило комични ситуации.“
Навистина сметам дека имаме хит, не сакам да звучам нескромно, бев под големо бреме, под голем товар, затоа што треба да застанам јас лично како Јелена Жугиќ позади сето тоа што ќе се случува, и се надевам дека ова ќе биде само првата скала и дека секоја престава понатаму ќе го надградува ова што Коле ќе го постави како репер, а реперот е навистина поставен високо.

Во претставата играат деветтемина членови на ансамблот на Театар Комедија - Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Нина Деан, Атанас Атанасовски, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Жаклина Стевковска, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски, а како гости се јавуваат Александар Микиќ, Кристина Ласовска, Слаѓана Вујошевиќ и Бојан Велевски.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Лира Грабул, а музиката на Џенгиз Ибрахим.

Од своја страна, пак, Јелена Жугиќ, директорката на Театар Комедија, откако ќе забележи дека Светскиот ден на театарот, 27 март, и не можеше да се одбележи подобро отколку со отворање нов театар, потенцира дека е убедена оти тие како нова национална установа уште на почетокот од своето делување имаат хит-претстава.

„Навистина сметам дека имаме хит, не сакам да звучам нескромно, бев под големо бреме, под голем товар, затоа што треба да застанам јас лично како Јелена Жугиќ позади сето тоа што ќе се случува, и се надевам дека ова ќе биде само првата скала и дека секоја престава понатаму ќе го надградува ова што Коле ќе го постави како репер, а реперот е навистина поставен високо.“

Жугиќ дополнува дека публиката „Ах, љубов моја ...турска приказна“ на матичната сцена ќе може да ја проследи и на 9 и 25 април и дека во меѓувреме ќе се случат гостувањата во Виница и во Кочани. Згора на тоа наскоро ќе започнат подготовките за втората претстава на Театар комедија. Гостинот од Бугарија, режисерот Владлен Александров ќе го режира новиот текст на Венко Андоновски „За секого има по една“, а неговата премиера тие пожелуваат да се случи на престојното „Охридско лето“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG