Достапни линкови

Груевски оствари средба со емирот на Катар


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска во Доха оствари средба со емирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани. Владината служба соопшти дека двајцата соговорници изразиле задоволство од унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји и силна посветеност за натамошно продлабочување на соработката на секое ниво, особено во областа на економијата.
Емирот најавил отварање на дипломатско преставништво во Македонија, поврзување на двете земји со авионска линија и изразил политичка поддршка за катарски инвестиции во земјата.
XS
SM
MD
LG