Достапни линкови

Розова економија, сиво секојдневие


Власта со оптимистички очекувања за економски раст, граѓаните се жалат дека стандардот е на најниско ниво, а експертите велат дека е потребен раст над 5 проценти, за граѓаните да го почувствуваат.

Лански раст од околу 3 проценти и очекувања за 4.5 отсто годинава. Колку граѓаните ги чувствуваат ваквите трендови кои власта неретко ги потенцира?
Никакви ефекти нема, тоа се само зборење, ништо повеќе, стандардот е на најниско ниво, на земја, народот е доведен до просјачки стап.
Анкетиран граѓанин.

РСЕ: Подобро се живее со толкав раст?

„Подобро живее кој работи, кој има, а вака кој нема, се мачи, приватно работи.“

„Никакви ефекти нема, тоа се само зборење, ништо повеќе, стандардот е на најниско ниво, на земја, народот е доведен до просјачки стап.“

„Никако, нема поместување некое, тешко е.“

Потребен е многу поголем раст со цел да се почувствуваат промени во животниот стандард, вели универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска.
За да се подобри животниот стандард луѓето да живеат подобро, да ги почуствуваат ефектите од стопанскиот раст и развој, неопходно е таа стапка да биде многу повисока, над 5 проценти.
Марија Зарезанкова Потевска, професор.

„За да се подобри животниот стандард луѓето да живеат подобро, да ги почуствуваат ефектите од стопанскиот раст и развој, неопходно е таа стапка да биде многу повисока, над 5 проценти, но ние со години се соочуваме со истиот проблем, ние имаме стапка на раст мала, во секој случај тоа не е лошо во однос на тоа да немаме стапка на раст, но не е доволно за да се обезбеди некој скок во економијата и во животот на луѓето.“

Неретко растот во земјава се споредува не само со земјите од регионот туку и со развиените земји. Растот на Македонија не може да се спореди со растот во развиените земји, смета професор Изет Зекири.

„Иако во Македонија статистичките податоци покажуваат раст, меѓутоа реалната состојба, социјалната и економската инклузија на луѓето не е во ситуација како што покажуваат статистичките податоци.“

Многу земји во светот имаат многу поголема стапка на раст но немаат развој, вели Зекири.

„Ако земете на пример, Нигерија, Етиопија, Уганда, тие имаат над 10 проценти раст, меѓутоа немаат развој, луѓето ги немаат основните услови за живеење. Така што и во нашата држава ако ги анализираме растот со развојот, не се случува инклузија на растот и развојот кај насленеието, кај граѓаните.“
XS
SM
MD
LG