Достапни линкови

Обама го пофали Казахстан за безбедно чување нуклеарни материјали


Обама - Назарбаев, Сеул 26.03.2012

Обама - Назарбаев, Сеул 26.03.2012

Американскиот претседател Барак Обама, денеска на маргините на самитот за нуклеарна безбедност во Сеул, имал билатерална средба со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев. Обама му оддал признание на Казахстан за безбедното чување на нуклеарните материјали. Властите во Казахстан, со помош на Соединетите Држави, успеале безбедно да чуваат над 13 тони високо збогатен ураниум и плутониум, кои ги наследил Казахстан по распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991-ва година.
XS
SM
MD
LG