Достапни линкови

logo-print

Сеул - Самит за нуклеарна безбедност


Во Сеул дводневен самит за нуклеарната безбедност на кој учествуваат претставници на 53 земји. Главна тема е како да се спречи нуклеарниот материјал да падне во рацете на терористите, а како најгорливи прашања за кои ќе се дискутира се и нуклеарните програми на Северна Кореја и Иран.

Претседателот на САД, Барак Обама, на Русија Дмитриј Медведев, на Кина Ху Џинтао, како и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун се меѓу преставниците на 53 земји на Нуклеарниот дводневен самит во Сеул. Темите како нуклеарните програми на Северна Кореја и Иран се на топ агендите на преставниците на големите сили, како и на земјите од 6-партитната група за Северна Кореја.
Има време ова да се реши по дипломатски пат. Тоа секогаш е моја намера. Но времето е кратко. Иранските лидери мора да одберат. Тие мора да ги исполнат обврските.

Преговорите на овие земји со Северна Кореја, да се откаже од својата нуклеарна програма во замена за помош, се замрзнати од декември 2008 година.

Во меѓувреме, Обама и порача на Северна Кореја дека Пјонгјанг може да се соочи со поголема изолација од светот, доколку не се откаже од провокациите со лансирање ракети со долг дострел и не ја искористи шансата за мир. Обама побара од Иран итно да реагира и да го реши контроверзното нуклеарно прашање бидејки времето изминува.

„Има време ова да се реши по дипломатски пат. Тоа секогаш е моја намера. Но времето е кратко. Иранските лидери мора да одберат. Тие мора да ги исполнат обврските.“

Американскиот претседател во Сеул во рамките на самитот, а и на маргините се состанува и со лидерите на некои земји.
Очекувам за ова да дискутирам и со претседателот Путин кога ќе се состанам во мај. Ракетната одбрана ќе биде дел од агендата и очекувам ова да биде поле на соработка, а не на тензии.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, со кого Обама се состана денеска, изјавил дека се уште има време двете земји да ги решат недоразбирањата околу плановите за американски ракетен систем во Европа.

Обама, како што претходно изјави, на разговорите со руската страна ќе бара не само редукција на стратегиските нуклеарни боеви глави, туку и на тактичкото оружје и резервите.

„Очекувам за ова да дискутирам и со претседателот Путин кога ќе се состанам во мај. Ракетната одбрана ќе биде дел од агендата и очекувам ова да биде поле на соработка, а не на тензии.“

Обама изјави и дека меѓународната заедница има постигнато прогрес околу справувањето со заканата нуклеарниот материјал да падне во погрешни раце, но дека не треба да се има илузии оти проблемот не постои. И самите САД, рече Обама, имаат повеќе нуклеарно оружје отколку што е потребно, а безбедноста е можна и со натамошна редукција на оружјето.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG