Достапни линкови

Попоски во посета на Велика Британија и Северна Ирска


Министерот за надворешни работи Никола Попоски престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Во рамките на посетата тој ќе оствари средба со својот колега, државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Вилијам Хејг. Шефот на дипломатијата се очекува да се сретне со претседавачот на Пратеничката група за соработка со Македонија во Британскиот парламент Карен Лумли, како и со претставници на комисиите во Горниот и Долниот дом за надворешни работи и за Европска Унија. На средбите ќе бидат разменети мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и за соработката на меѓународен план.
XS
SM
MD
LG