Достапни линкови

logo-print

Братот на убиецот од Тулуз под формална истрага


Мохамед Мерах

Мохамед Мерах

Францускиот суд го стави братот на убиецот Мохамед Мерах под формална истрага. Одлуката значи дека Абделкадер Мерах ќе биде преместен во затвор и таму ќе остане за време на истрагата за осомниченото соучество во серијата фатални пресметки. Напаѓачот кој призна дека убил седум луѓе во и околу градот Тулуз, Мухамед Мерах беше убиен од страна на полициски снајперист додека се обидувакл да пука преку прозорецот од станот каде што се наоѓал. По неговата смрт, во фокусот на истрагата е вклучен на 29-годишниот Абделкадер - кој веќе им е познат на безбедносните служби поради обидот да прошверцува милитанти на Џихад во Ирак во 2007 година.
XS
SM
MD
LG