Достапни линкови

logo-print

Под слоганот „Танц за сите сетила“, на неколку сцени во градов, од 4 до 11 април, ќе се случи осмото издание на ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ.

Продолжувајќи ја својата мисија да ни ги презентира современите светски танцови трендови и квалитетните програми на националните компании, ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ и за осмото свое издание подготви програма која што неминовно ќе го анимира вниманието на љубителите на оваа уметниост кај нас.
Тоа е една компанија за којашто може да се каже дека го одбележа 20 век и го одбележа развојот на современиот танц. Всушност тоа е компанија којашто диктираше едно темпо и диктираше трендови на кој начин да се развива современиот танц.

За отворањето на манифестацијата, на Големата сцена на МОБ, планирани се НЕДЕРЛАНД ДЕНС ТИАТАР една од најдобрите светски компании од Хаг, Холандија.
Холандски танцов театар.

Холандски танцов театар.


„Тоа е една компанија за којашто може да се каже дека го одбележа 20 век и го одбележа развојот на современиот танц. Всушност тоа е компанија којашто диктираше едно темпо и диктираше трендови на кој начин да се развива современиот танц“, истакнува Рисима Рисимкин од Интерарт културен центар, одганизаторот на случувањето.

Таа дополнува дека со младите танчери до 24 годишна возраст кои доаѓаат од 10 различни земји од светот, ќе имаме можност да проследиме кореографии на врвните Јири Килиан и Ханс Ван Мален и да ја погледнеме најновата премиера на Јохан Ингер, гостин кореограф на оваа компанија.
Модерниот танц се позиционира во самата земја. Оваа манифестација стана веќе традиционална, гледам дека веќе станува извозен производ и дека Македонија се позиционира на мапата на Европа како земја во којашто се негува модерниот танц.

Нивното гостување во Скопје е помогнато од Амбасадата на Кралството Холандија која во изминативе пет години ги овозможи и перформансите на извонредните Галили денс компани, Ротердам танц академијата и други. Говорејќи за таквите заложби, амбасадорката Мариет Шурман, забележува дека тие не го подржуваат само фестивалот туку и танц академијата и неколку конференции се со цел во Македонија да се позиционира модерниот танц.

„Модерниот танц се позиционира во самата земја. Оваа манифестација стана веќе традиционална, гледам дека веќе станува извозен производ и дека Македонија се позиционира на мапата на Европа како земја во којашто се негува модерниот танц.“

Програмата продолжува со две премиери. Скопје танцов театар на новоотворената сцена „Зебра“ најнапред ќе ја прикаже „Орландо“ по романот на Вирџинија Вулф со музика на групата СТАРОВСКИ, дизајн на Благој Мицевски и кореографија и режија на Рисимкин, а потоа и „Човек во ходникот“ работена по предлошка на Маргарет Дира, копродукција помеѓу нашата танц академија со ТКО театар од Келн, Германија, под раководство на познатата Нада Кокотовиќ.

Наедно, публиката ќе има можност да ја проследи и „Хамлет машина“ на овие уметници, на 10 април во МКЦ ќе биде прикажана „Отело“ на БИТЕФ театар од Белград, а свеченото затворање е планирано да биде со ФИЛАДАНКО, првата американска танц компанија која гостува на ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ.

Кон, ова само уште информацијата дека годинешен добитник на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот е Градимир Панков, кој е еден од ретките македонски балетски уметници кој направил блескава кариера на светско ниво како танчер и повеќе како педагог и уметнички директор. Тој бил уметнички директор на Нидерланд денс тиатар, националниот балет на Финска и други, а сега е раководител на Големиот канадски балет од Монтреал.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG