Достапни линкови

logo-print

Попоски во посета на Британија и Северна Ирска


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска ќе престојува во работна посета на Велика Британија и Северна Ирска, каде ќе оствари средба со неговиот колега, државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Вилијам Хејг.
Попоски се очекува да се сретне и со претседавачот на Пратеничката група за соработка со Македонија во Британскиот парламент Карен Лумли, како и со претставници на комисиите во Горниот и Долниот дом за надворешни работи и за Европска Унија.
На средбите ќе бидат разменети мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и за соработката на меѓународен план.
XS
SM
MD
LG