Достапни линкови

Делегација предводена од Груевски ќе брка инвестиции во Катар


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска е во дводневна официјална посета на Катар каде ќе се сретне со Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, емир на Катар, и со Шеик Хамад бин Џасмин бин Џабор Ал-Тани, премиер и министер за надворешни работи во Емирскиот Диван.
Целта на делегацијата во чиј состав се и министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко - индустриските развојни зони, Виктор Мизо, ќе биде економска промоција на Македонија и презентација на поволностите кои ги нуди земјата за привлекување странски директни инвестиции.
XS
SM
MD
LG