Достапни линкови

Хашкиот трибунал го одби барањето на Шешељ за времено пуштање на слобода


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Меѓународниот трибунал во Хаг денеска го одби барањето на лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ времено да биде пуштен на слобода од затворот во Шевенинген, каде се наоѓа од 24 февруари 2003 година под обвинение за извршени воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина во периодот од 1991 до 1993 година.
Во барањето Шешељ тврдеше дека нема причини и натаму да биде држен во притвор, бедејќи не постои опасност да влијае врз сведоците или да побегне. Трибуналот меѓутоа оцени дека Шешељ не доставил доволно докази дека нема да влијае врз сведоците, бидејќи против него се уште се води судски процес поради непочитување на Судот.
Слично барање за времено ослободување Шешељ упати и на 27 јануари, но Судот и него го отфрли.
XS
SM
MD
LG