Достапни линкови

logo-print

Турските сили ликвидираа 15 припаднички на Курдската работничка партија


Петнаесет жени, припаднички на Курдската работничка партија (ПКК) се убиени при судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во провинцијата Битлис во југоисточниот дел на Турција. Во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи во кое се информира за ликвидирањето на жените, не се наведени повеќе детали за судирите. Во 1984 година ПКК започна вооружена борба за курдска автономија во југоисточниот дел на Турција, во која досега загинаа над 40.000 лица, од кои најголемиот дел цивили. ПКК се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.
XS
SM
MD
LG