Достапни линкови

Нови судири меѓу пакистанските безбедносни сили и милитантите


Најмалку пет пакистански војници и дванаесет милитанти се убиени откако талибанските борци нападнаа воена постријка во северозападниот дел на Пакистан во близина на авганистанската граница. Пакистански официјални лица изјавија дека нападот се случил во племенската област Оракзаи, каде што има чести судири меѓу безбедносните сили и талибанските милитанти.
Се уште не се знае колкав е бројот на загинати.
Борбите меѓу пакистанските безбедносни сили и исламистичките милитанти во племенските области на земјата во изминатата деценија одзедоа илјадници животи и принудија стотици илјадници луѓе да заминат од земјата.
XS
SM
MD
LG