Достапни линкови

Апел до Северна Кореа да не лансира ракета со долг дострел


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун денеска во Сеул ја повика Северна Кореа да ги преиспита плановите за лансирање ракета со долг дострел. Бан ки Мун во идната недела во Сеул ќе учествува на самитот за заштита од можни нуклеарни закани. Пред неколку дена Северна Кореа најави дека во идниот месец ќе лансира ракета со долг дострел за да стационира сателит во Вселената, но Западот се сомнева во тоа и верува дека станува збор за тестирање ракета која може да носи нуклеарна боева глава.
XS
SM
MD
LG