Достапни линкови

Грција го продолжи рокот за замената на обврзниците


Грција реши да го продолжи рокот за пријавување за учество во замената на нејзините државни обврзници до 4 април, соопшти синоќа грчкото Министерство за финансии. Првичниот краен рок за пријавување за учество во размената на овие обврзиници, чија вкупна вредност изнесува околу осум милијарди евра, истече вчера. Во соопштението не се посочени причините за продолжување на крајниот рок за учество во размената на обврзниците. Процесот на замена на грчките државни обврзници е во рамките на договорот меѓу Грција и приватните инвеститори, со што треба да се обезбеди отпишување на речиси половина од долгот на земјата.
XS
SM
MD
LG