Достапни линкови

logo-print

Анан во Москва и Пекинг на разговори за Сирија


Кофи Анан

Кофи Анан

Специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската Лига, Кофи Анан денеска во Москва ќе разговара со рускиот претседател Дмитри Медведев и со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров за кризата во Сирија. По Москва тој заминува за Пекинг. Во минатата недела Анан соопшти дека испратил тим во Дамаск да разговара за распоредување меѓународни посматрачи со цел запирање на крвопролевањето во таа земја кое почна пред една година и однесе над 8 илјади животи. Во четвртокот членките на Советот за безбедност, вклучувајќи ги и Русија и Кина го поддржа овој план на Анан.
XS
SM
MD
LG