Достапни линкови

Обама на пат за Јужна Кореа


Американскиот претседател Барак Обама замина за Јужна Кореа за да учествува на самитот за справување со потенцијалните закани од нуклеарен тероризам. Повеќе од 50 светски лидери се очекува да учествуваат на дводневниот собир што почнува в понеделник. Посетата на Обама доаѓа во време на нови тензии откако Северна Кореа објави дека ќе лансира ракета со долг дострел. Вашингтон оцени дека тоа го загрозува договорот за американска помош во храна на Северна Кореа. Обама утре треба да ја посети демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.
XS
SM
MD
LG