Достапни линкови

Проширена воената мисија на ЕУ против сомалијските пирати


Министрите за одбрана на Европската Унија, на денешниот состанок во Брисел, решија да ја прошират својата мисија против сомалијските пирати со овозможување на воените сили да напаѓаат цели и на копно и на море. Аналитичарите сметаат дека ова крупен чекор напред на оваа мисија, но предупредуваат и на можна ескалација. Европската Унија соопшти дека нејзина главна мисија е да ги заштити бродовите кои носат храна за раселените во Сомалија, како и да ги сузбијат сомалијските пирати.
XS
SM
MD
LG