Достапни линкови

logo-print

Вчера во Брисел средба Попоски - Димас, денеска соопштение


Актуелните прашања за евроинтеграцијата на Македонија во контекст на потребата за напредок во пристапувањето кон ЕУ, биле една од темите на вчерашната средба во Брисел на шефот на дипломатијата Никола Попоски со неговиот грчки колега Ставрос Димас.
Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, на синоќешната средба која се одржала на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати, биле разменети мислења за регионалната соработка, меѓу другото и во контекст на Претседателството со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кое Македонија ќе го преземе од Србија во јуни 2012 година.
Инаку, на состанокот на кој министерот Попоски учествуваше на покана од Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, се дискутирало за состојбите во Авганистан, Пакистан и јужното соседство на Европската унија. Попоски при тоа истакна дека Република Македонија останува посветена да придонесе за промовирање на меѓународниот мир, стабилноста и безбедноста.
XS
SM
MD
LG