Достапни линкови

logo-print

Груевски: Доверба во денарот


Порастот на штедните влогови во денари, според премиерот Никола Груевски произлегува од здравите економски политики на Владата и Централната банка и проблемот со еврото, кој ги натера граѓаните да размислуваат своите заштеди во евра да ги претворат во некоја друга валута.
- Издржавме светска економска криза која не се повторува 80 години, а веднаш по неа и европска должничка криза. Тоа укажува дека кога ќе се издржат такви шокови со најмалку можни штети дека сепак колку и да имаме проблеми и невработеност дека економијата покажува отпорност и сила која потекнува само од здравите економски политики што им дава на граѓаните храброст еврото да не го претворат во долар или франк, туку токму во македонскиот денар, бидејќи имаат изградено доверба во стабилноста на денарот, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на нови наслови од владиниот проект.
XS
SM
MD
LG