Достапни линкови

logo-print

Острата зима ги десеткуваше пчелите


Сушната есен и поларната зима ги десеткуваа пчелите во битолско. Пчеларите велат дека оваа година количините на мариовски мед ќе бидат минимални, а тоа ќе предизвика и покачување на цената.

Голем помор на пчели се случува во пелагонискиот и мариовскиот крај. Пчеларите се жалат дека угинале 80 проценти од пчелните семејства, а количините на произведен мед годинава ќе бидат десеткувани. Се претпоставува дека сушното време во текот на есента и поларните температури оваа зима кај пчелите предипредизвикале ноземоза. Тоа е болест која го скратува животниот век на пчелите, тие не можат да летаат и угинуваат. Поради ваквите состојби годинава минимални ќе бидат произведените количини мариовски мед, кој е еден од најеколошки произведените и најбараните на пазарот.
Со пчелите годинава имаме голем помор, посебно во Мариово. Од нив 80 отсто ни се изумрени и не знам што ќе правиме понатаму. Студено многу времето, снегови, не можевме да извршиме прихрани. Ваков помор до сега не се случил.

„Со пчелите годинава имаме голем помор, посебно во Мариово. Ги имавме размножено да имаме повеќе семејства. Од нив 80 отсто ни се изумрени и не знам што ќе правиме понатаму. Студено многу времето, снегови, не можевме да извршиме прихрани. Ваков помор до сега не се случил. И храната е внатре и погачи, но пчела нема. Во мед штетите ќе бидат сто насто, катастрофално“, вели Љубе Ѓуровски од Градешница.

Ништо подобро не поминаа ни пчелите од низинските предели во Пелагониско, па пчеларите се во паника.
Пчелар, илустрација

Пчелар, илустрација


„Моментално состојбата со пчелите во нашиот регион е многу лоша. Се жалат многу пчелари. Ноземозата направи големи штети во пчеларството. Тоа се должи на минатогодишната суша, недобрата исхрана на пчелите и долготрајната и студена зима. Се јавува претежно во студено време кога подолго време не можат пчелите да излезат во природа, ако е храната лоша како годинава имаше многу медлика во планинските делови. Ќе мора да се преземи нешто да го повратиме ланскиот број на пчели“, вели Раде Каранфиловски, пчелар од Битолско.

Останува да се види дали намалените количини на мед ќе предизвикаат и покачување на цената на оваа еколошка храна. Засега килограм мед може да се набави по цена од 200 до 250 денари.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG